Полицијата подготвена за утрешниот протест

Од:

Пред утрешниот десетти „национален протест“ на албанската обединета опозиција, властите веќе ги преземаат потребните мерки, пред се во обезбедувањето на Владата, Парламенот и Министерството за внатрешни работи.

Пред овие објекти попладнево поставени се метални огради со бодликава жица, влезната врата на владата е заменета со метална,поставени се големи рефлектори кои овозможуваат осветлување на местата каде што ќе бидат стационирани полицските сили, а остануваат од претходнте протести сигурносните камери со висока резолуција,со цел документирање на протестот на опозицијата.

Два часа пред почетокот на утрешниот протест,закажан за 20:00 часот, ќе бидат распоредени полицските кордони. За бебедноста ќе бдат ангажирани 1.300 до 1.500 полициски службеници, потоа припадниците на сообраќајната полиција, единицата за брза интервенција, едницата „Шќипоња“ како и прпадниците на Националната гарда.

Вообичаено ќе има лоцирано и амбулантни и противпожарни возила,како и цистерни со вода,доколку има потреба за употреба на водени топови.

По повикот на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша за што поголема масовност, со статус на Фејсбук се јави и почесниот претседател на партијата, Сали Бериша,кој најави “џиновско цунами“ од народ против Еди Рама.

-Застрашувачко и џиновско цунами доаѓа против Едвин Кристаќ крадецот. Утре во 20:00 часот сите заедно во Тирана. Рама оди си.Победа,
напиша Бериша.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски