Полицијата не даде дозвола за протестот на 6 декември, за Бериша тоа е неважечко и протест ќе има

Од:

Албанската полиција не даде дозвола за одржување на протестот што го најави Сали Бериша на 6 декември, кога во Тирана се одржува Самитот на ЕУ-Западен Балкан.

Коментирајќи ја одлука на полицијата Бериша истата ја смета за ништовна, притоа нагласувајќи дека „ништо не го спречува опозицискиот народ да го преплават булеварот на 6 декември во 12 часот“.

Според него, со оваа одлука полицијата потврдила дека не ги познава законите и Уставот на земјата.

-Државната полиција синоќа соопшти дека не ги познава Уставот и законите на државата. Во врска со оваа објава, ги потсетувам овие вазали на Еди Рама дека Уставот не признава ограничувања на протестите и слободите на граѓаните. Но, покрај ова, има и одлука на Уставниот суд, со која демонстрантот нема обврска да ја извести полицијата. Трето, државната полиција на Еди Рама го третира самитот на лидерите на ЕУ како тука да се собираат светските диктатори, во време кога оние што доаѓаат во Тирана се граѓани избрани на слободно гласање, вели Бериша.

Додава дека Европската комисија, за да го појасни европскиот став, побарала да се почитува правото на протест.

-Затоа тоа одбивање е невалидно, нула е. Го покажува вистинското лице на овој режим кој е преплашен од опозицискиот народ кој на 6-ти декември во 12 часот ќе го преплави плоштадот. Тоа ќе биде протест каков досега не е виден. Тоа ќе биде протест од каде ќе одекнува насекаде повикот: Ја сакаме Албанија како цела Европа и апелот: Еди Рама и наркодржавата не ја претставуваат Албанија, посочи тој.

Рече дека протестот ќе се одржи пред владата, дека ќе биде мирен протест и оти битката ќе продолжи со други протести.

-Имаме толку многу мотиви да бидеме на плоштадот гарантирајќи ја целосната безбедност на нашите пријатели, кои ги поздравуваме и ги сметаме за голема чест за албанската нација. Рама мисли дека тој е закон и устав, бара нереди, јас му велам да се откаже, дека нема сила на светот да го спречи народот да го наполни Булеварот и оти сета одговорност ќе падне вез него, рече Бериша.

Би можело да ве интересира

Тензии во албанскиот Парламент по барањето на опозицијата за расправа за вмешаноста на Рама во случајот „Мекгонигал“

Граѓаните од западен Балкан во Албанија ќе може да влегуваат со лична карта

Во Албанија се демонтираат камери поставени од криминалци за ја следат полицијата

А1он

Дознаките на албанските иселеници минатата година 1,1 милијарда евра или 10 отсто од БДП

И Партијата на Грците во изборна коалиција со Бериша

Ана Ололовска

Албанија: Нападот на синагогата во Ерусалим е страшен терористички акт

Ана Ололовска