Полицајци во Србија без одобрение користеле службени автоматски пушки на стрелиште

Од:

Припадници на МВР, Сектор за внатрешна контрола, во соработка со Службата за борба против организиран криминал и полициски службеници на Сремска Митровица, по наредба на Обвинителството за организиран криминал, уапсија шест членови на организирана криминална група поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и здружување заради извршување на кривични дела.

Полицијата ги пронашла осомничените на стрелиште во Нови Сланкамен каде без одобрение на МВР употребилe опрема и службено оружје, автоматски пушки, пиштоли и муниција во сопственост на Министерството.

Осомничени се дека М.Т и М.Л од службените простории на полицијата без дозвола ја извадиле опремата и оружјето и им дозволиле на други осомничени да ги користат.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Малолетник украл автомобил и бегајќи удрил во друго возило – приведен е

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари