Полесно добивање бизнис виза во Грција

Од:

Преку амандман доставен во Парламентот од алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Милтиадис Варвициотис, полесен ќе биде процесот за добивање бизнис виза за државјани на трети земји кои во Грција треба да присуствуваат на конференции, саеми, средби или настани од бизнис карактер, јави дописничката на МИА од Атина.

Доставениот амандман предвидува барањата за бизнис виза да се разгледуваат во рок од 15 дена. Грчките граѓани кои организираат настани, конференции, средби и слично, ќе треба до конзуларните претставништва на земјата, да ја доставуваат бизнис поканата наменета за државјани на трети земји, а воедно токму тие и да ја преземат и одговорноста за гостинот.

Според министерот за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, амандманот е во вистинска насока и одговара на долгогодишното барање на коморите за олеснување на процесот за доделување бизнис визи, бидејќи досега се соочувале со долги процедури за државјани на трети земји.

Варвициотис додава дека во случај на прекршување на условите од страна на гостинот, тогаш компанијата ќе го загуби правото да поднесе ново барање.

Амандманот е вклучен во законот за Брегзит кој веројатно в петок ќе се гласа во грчкиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Пациентите кои немаат Ковид-19, а се на интензивна нега во грчките болници, доколку е потребно ќе се префрлаат во приватни клиники

Ана Ололовска

Анкета: Две третини од Грците загрижени за пандемијата, 74% убедени дека мора да се носи маска

Ана Ололовска

Турција ја обвинува Грција дека депортира мигранти без процедура за азил, а ЕУ се прави дека не гледа

Ана Ололовска

Мицотакис: Маската е вакцина, додека не дојде вакцината

А1он

Грција: За Владата, нов целосен карантин не е опција

А1он

Грција ќе ги апси сите кои го поттикнуваат движењето против заштитните маски

А1он