Почнува судењето на Горан Хаџиќ

Од:

Судењето на поранешниот претседател на самопрогласената Република Српска краина, Горан Хаџиќ, обвинет за злосторства над Хрватите во источна Славонија во текот на 1991 и 1992 година, ќе почне пред Хашкиот трибунал утре, со воведните зборови на обвинителството.

Процесот против Хаџиќ е последен пред Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југослација во Хаг. Хаџиќ, на возраст од 54 години, е обвинет по 14 точки за прогон, истребување и убиство на несрпско население, затворање, мучење, грубо постапување и нехумани дела, депортација и присилно селење и за уништување на културни и верски објекти.

Вината за тие злосторства, Хаџиќ во август минатата година ги негираше пред судијата на Трибуналот. Покрај судијата Делвоа од Белгија, членови на расправниот совет во процесот на Хаџиќ ќе бидат и Бартон Хол од Бахамите и Антоан Минду од Конго.

Хаџиќ, по седумгодишно криење, на 19 јули 2011 година српските власти го уапсија на Фрушка Гора, а на 22 јули беше префрлен во притвор во Трибуналот во Шевенинген. Според обвинението, Хаџиќ од август 1991година до крајот на јуни 1992 година учествувал во злосторничко здружување, чија цел било трајно и насилно отстранување на Хрвати од големи делови на територијата на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски