Почнува пребројувањето на над половина од гласачките места на косовските избори

Од:

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) попладнево ќе започне со пребројување на гласовите во 1.472 од вкупно 2.547 гласачки места на кои се гласаше на вонредните парламентарни избори одржани во земјата на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на ЦИК Ваљмир Елези информира дека, откако во понеделникот Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП) ги прифати жалбите на дел од учесниците на изборите по објавувањето на конечните резултати од ЦИК, Центарот за броење и резултати денеска во 16 часот ќе започне со пребројување на гласовите во над половина од гласачките места за последните избори.

ПЗАП ѝ наложи на ЦИК и да ги избрише од конечните резултати гласовите стасани од Србија, меѓутоа на оваа одлука се жалеше партијата Движење Самоопределување (ВВ), која излезе како победник на октомвиските избори, така што, пред да постапи по овој налог од ПЗАП, ЦИК ќе ја чека одлуката на Врховниот суд во однос на жалбата на ВВ.

Доколку се поништат гласовите од Србија, како што побара коалицијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма) – Алијанса ново Косово (АКР), ВВ ќе изгуби три пратенички места, односно наместо 32, колку што имаше според конечните резултати то ги објави ЦИК на 7 ноември, ќе има 29 пратеници. Ова од причина што, без гласовите од Србија, коалицијата Нисма – АКР, која претходно имаше освоено 4,98 отсто, сега ќе има 5,12, со што ќе го надмине зиборниот праг од пет отсто и ќе има шест пратеници во новото Собрание.

Покрај тројцата пратеници на ВВ, Нисма – АКР по еден пратеник ќе им „одземе“ и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) – 28 наместо првичните 29, Демократската партија на Косово (ПДК) – имаше 25, сега останува со 24 – и Алијансата за Иднината на Косово (ААК), која наместо 14, сега ќе има 13 пратеници.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски