Почнаа парламентарните избори во Полска

Од:

Во Полска се одржуваат парламентарни избори, на кои, според анкетите, се очекува убедлива победа за Јарослав Качински и владејачката Партија на правото и правдата.

Партијата се очекува да освои повеќе гласови отколку на претходните избори во 2015 година и би можела да освои доволно парламентарни места за сама да формира Влада.

Гласачите треба да изберат 460 пратеници за Сејмот (Долниот дом на Парламентот) и 100 членови на Сенатот (Горниот дом на Парламентот).

Избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот по локално време, а првите резултати се очекуваат најрано утре.

Би можело да ве интересира

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава

Полска: Подготвени сме да го браниме НАТО од секаков напад

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба