Почивалшек: Вработените во државната служба во Словенија мора да се вакцинираат

Од:

Вработените во државната служба во Словенија мора да се вакцинираат или да покажат потврда дека прележале Ковид-19, во спротивно нема да можат да работат со странки, најави министерот за економија и вицепремиер Здравко Почивалшек.

„Од вработените кои се во контакт со луѓе ќе се бара како услов за работа да бидат вакцинирани или да прележале Ковид-19“, рече Почивалшек, додавајќи дека тоа повеќе нема да биде можно со негативен тест за коронавирус како порано.

Тој рече дека ова е еден од следните чекори за да се покаже „потврд“ став кон потребата да се вакцинира што е можно поголем дел од населението и дека тоа требало да се направи порано.

Според него, таков потег е можен со законот и прописите во областа на безбедноста при работа.

Последните недели, на т.н. услови за работа (прележани, вакцинирани, тестирани) или задолжителна вакцинација реагираа некои синдикати, меѓу кои синдикатот за образование и синдикатот на војниците, како и некои претставници на полицискиот синдикат.

Покрај тоа, Стопанската комора изрази противење на одлуката да се спроведуваат редовни неделни тестирања за коронавирус за вработените во работно време и на трошок на работодавачите.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он