Почина Вангелис, најпознатиот грчки композитор

Од:

Грчкиот композитор Евангелос Одисеас Папатанасиј, попознат како Вангелис, почина на 79-годишна возраст, објави Атинската новинска агенција.

Тој е најпознат по оскаровскатаа награда за музика за филмот „Огнени кочии“, а компонираше многу препознатливи филмски мелодии за познати остварувања, како „Истребувач“ ( Blade Runner) и „Александар“.

Професионалната музичка кариера ја започна во 60-тите години на минатиот век, соработувајќи со неколку познати рок бендови како The Forminx, Aphrodite’s Child, со Демис Русос и Лукас Сидерас.

За време на кариерата напиша и компонираше околу 60 албуми, а музичките критичари го сметаат за еден од најголемите композитори на електронска музика на сите времиња.

Во 1992 година, Франција му додели на Вангелис Орден за придонес во областа на уметноста – Ordre des Arts et des Lettres.

Повикувајќи се на соопштение од канцеларијата на неговиот адвокат, грчката агенција ја информира јавноста дека Вангелис починал во вторникот доцна навечер, без да ја наведе причината за смртта, пренесе Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен