Основачот на групата „Балканика“, Сања Илиќ почина од коронавирус

Од:

Музичарот Александар Сања Илиќ, основач на групата „Балканика“, почина денеска како резултат на компликации од Ковид-19.

Тој имаше 70 години.

Роден е во 1951 година во Белград. Негов татко е композиторот Миодраг Илиќ Бели, а брат му е композиторот Драган Илиќ, кој свирел во Генерација 5.

Тој беше оженет со актерката Злата Петковиќ, а по нејзината смрт, Сања Илиќ повторно влезе во брак. Музичарот во 2016 година се ожени за Татјана Карајанов.

Кога имал 12 или 13 години, тој напишал музика според текст на Душко Радовиќ во изведба на Драган Лаковиќ. Кога имал 16 години, тој ја испратил својата композиција „Поет на мирот“, испеана од Лола Новаковиќ, со која Југославија требаше да биде претставена на Евровизија 1968. Во 1976 година, неговата композиција „Бај, бај, бај, бај“ беше изведена од Бисера Велетанлиќ, на истиот натпревар, но овој пат во Опатија. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград во 1975 година.

Тој ја основал групата „Балканика“ во 1998 година, а првиот концерт бил одржан на 26 јуни 2000 година. Со неговата група „Балканика“ тој настапуваше на концерти низ целиот свет.

Тој ја претставуваше Србија на Евровизија 2018 во Лисабон, заедно со неговиот бенд, а песната „Нови деца“ влезе во финалето на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати