Почина Марина Туцаковиќ

Од:

Најпознатиот музички текстописец во регионот, Марина Туцаковиќ, почина по тешко боледување на 67-годишна возраст.

Марина напиша бројни хитови со најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија.

Нејзиниот живот го одбележаа бројни среќни, но и болни моменти, како смртта на еден од синовите. Беше во брак со Александар Фута Радуловиќ.

Тие двајца го имаат синот Милан, а нивниот втор син Милош ненадејно почина во 2008 година. Неговото безживотно тело во домот на семејството Радуловиќ го пронашла неговата тогашна девојка Саша. Марина никогаш не се опорави целосно од тоа.

На почетокот на 2018 година, и беше дијагностициран малигнен тумор на дојката, по што наскоро беше оперирана, а нејзините колеги и испратија бројни пораки за поддршка.

Српските медиуми пред неколку дена информираа дека Туцаковиќ и нејзиниот сопруг се заразени со Ковид-19.

За време на нејзината долга кариера, Марина напиша неколку илјади песни за познати пејачи и на тој начин им помогна да изградат одлични кариери.

Некои од најпознатите пејачи на кои им напиша песни се Зана, Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Оливер Драгојевиќ, Индира Радиќ, Светлана Ражнатовиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас, Ана Николиќ, Оливер Мандиќ, Жељко Самарѓиќ, Харис Џиновиќ, Саша Матиќ и многу други.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило