Почина Борис Шпрем, претседателот на хрватскиот Сабор

Од:

Претседателот на хрватскиот Сабор Борис Шпрем, почина во 57 година од животот рано утрово по долга исцрпувачка борба со болест во MD Anderson Cancer Center во Хјустон, каде замина на лекување.

Како што соопшти хрватскиот сабор, тој боледуваше од малиген облик на мултипла миелома, но и по интензивната терапија, болеста прогресирала.

Шпрем, годинава беше опериран во болницата во Загреб, поради враќање на мултиплата миелома, а поради влошување на состојбата замина на лечење на САД.

Борис Шпрем е актуелен претседател на седмиот хрватски состав на саборот. Роден е на 14 април 1956 година во Копривнички Бреги. Татко е и сопруг. Со сопругата Јасенка има еден син, Дамјан.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он