Победа на Рама на изборите во Албанија, пoкажуваат излезните анкети

Од:

Владеачката Социјалистичка партија на актуелниот премиер Еди Рама ќе биде победник на денешните парламентари избори во Албанија покажува излезната анкета на телевизијата „Топ Чанел“. Социјалистите освојуваат 46,9 проценти од гласовите што би им донело нешто повеќе од половина од гласовите во Парламентот во кој има 140 пратенички места.

Опозициската Демократска партија на Љуљззим Баша осовјува 43,5 проценти од гласовите додека на трето место е Социјалистичкиот покрет за интеграција со освоини 6,9 порценти.

Избирачките места беа затворени во 19. часот. Комплетните резултати се очекуваат по неколку дена.

И последните предизборни анкети им даваа предност на социјалистите на Рама.

Парламентарните избори во Албанија се сметаат за клучни за амбициите на земјата за интеграција во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски