По пандемијата заживува албанскиот туризам, проблем е недостигот на работници

Од:

Туризмот во Албанија, што беше еден од најтешко погодените сектори за време на пандемијата, се чини брзо закрепнува.

dobivaj vesti na viber

Повикувајќи се на податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, на албанска територија во април 2022 година влегле 832.920 лица, што споредено со истиот месец минатата година значи зголемување за 78,6 отсто.

-Сметам дека двете години од пандемијата треба да се исклучат како компаративна основа, бидејќи секоја споредба со нив би резултирала со галопирачки стапки, смета претседателот на Здружението на тур-оператори, Бесник Вати.

Сепак, додава, оваа година има раст, дури и во споредба со најдобрата година како што беше 2019 година, овој раст е 15 до 20 отсто.

-Посебната карактеристика на оваа година е што меѓународниот аеродром во Тирана нуди повеќе можности за летови, особено со пристигнувањето на нискобуџетната авиокомпанија, која додаде 47 директни дестинации од Тирана. И годинава има повеќе туристи од земјите од Блискиот Исток, нагласува тој.

Според него се предвидуваше дека по пандемијата ќе има огромна експлозија на туризмот на глобално ниво, но војната во Украина има силно влијание врз тоа.

-Но, зголемените цени ја запреа таа експлозија. Ако се надевавме дека експлозијата ќе оди некаде помеѓу 30-33 отсто во однос на 2019 година, оваа година верувам дека ќе оди 15-20 отсто, а главниот фактор е војната, оценува Вати.

Посочува дека најголемиот проблем со кој се соочува туризмот во Албанија е недостигот од работници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

За шест месеци албанската полиција запленила 1,2 тони марихуана, 110 кг кокаин, хероин, уапсени 100 лица

Пукотници на плажа кај Валона, има повредени

По базите Пашалиман и Кучово, Албанија и кај Драч нуди изградба на НАТО база

Ана Ололовска

За поголема безбедност на туристите во Албанија воведени полициски патроли на велосипеди и 29 здравствени центри

Ана Ололовска

„Монитор“: Околу 74 отсто од албанските компании планираат да ангажираат странци, што е највисоко ниво во регионот

Ана Ололовска

Италијанската полиција уапсила албанска брачна двојка и запленила околу пет милиони евра

А1он