По Малиот Шенген, повик Еди Рама да се прогласи непожелен во Приштина

Од:

Иницијативата на српскиот претседател и македонскиот и албанскиот премиер за „Мини Шенген“ се уште предизвикува негативни реакции во Приштина.

Најновата и една од најострите замерки е вшерена кон албанскиот премиер Еди Рама. Косовскиот социолог и универзитетски професор Дадил Малоку побара од косовските власти албанскиот премиер да го прогласат за непожелна личност.

-Еди Рама пред да поддржи „Мини шенген“ со Словените, (Србија каде во преамбулата на уставот уште Косово се дефинира како нејзин составен дел и Македонија, која во својот „стомак“ социополитички и демографски има над 35 проценти етнички Албанци) би требало да поддржи дури и формално, албански мини Шенген, напиша на Фејсбук.

-Но, тој го прави спротивното. Очигледно е дека овој човек е опкружен со просрпски советници, ѓаволски работи за една мини балканска Југославија, порача Малоку.

Тој не е прв кој создавањето на „мини Шенген“ го спореди со создавање на „нова Југославија“

Претседателот на ЛДК, Иса Мустафа освен што смета дека договорот води кон нова Југославија, но без Хрватска и Словенија, мисли дека ова шпретставува „политика на оддалечување на земјите од Западен Балкан од патот на европските интеграции и дека ги сместува во скривницата на Евроазија каде што доминира Русија“.

Освен Мустафа, за четврта Југославија зборубаше и Албин Курти, како и претседателот на Косово, кои изразија негодување за оваа иницијатива.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Од нас се бара признавање на Косово, санкции за Русија, Западот сака марионетски режим во Србија