По албанскиот премиер Рама и претседателот Мета реагираше за ситуацијата на границата на Косово

Од:

Во врска со ситуацијата во Јариње и Брњак по одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да воспостави реципроцитет за регистарските таблички со Србија, преку Фејсбук статус реагираше албанскиот претседател Илир Мета.

-Зачувувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Република Косово е клучен фактор за консолидација на мирот, безбедноста, стабилноста и добрососедството во регионот и основа за градење стабилни односи со Србија, напиша Мета.

Во исто време тој апелира до страните да ги намалат тензиите и да го продолжат дијалогот.

-Во овој дух, двете страни мора да ги надминат тензиите, да го продолжат дијалогот и да се придржуваат кон обврските што произлегуваат од договорите постигнати меѓу двете земји, со посредство на ЕУ и САД, ја завршува својата реакција Мета.

Претходно, реагираше и албанскиот премиер Еди Рама наведувајќи дека „Косово мора на дијалог, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува“.

„Косово со право го покрена прашањето. Сега кога проблемот ќе се реши и реципроцитетот на регистарските таблички ќе се гарантира, избегнувајќи го бумерангот од замрзнување на конфликтот во овој момент (како што се случи со царината од 100 отсто). Косово мора на дијалог, Србија мора да соработува, ЕУ мора да посредува“, напиша Рама во објава на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници

А1он

Мета: За тензиите во Косово одговорен е Белград, но и премиерот Рама

А1он

Мета: Рама зависник на антиалбанските кругови и меѓународната мафија

Мета: Да се обединиме сите против Рама

Мета му порача на Рама дека не се плаши од приказната дека бил шпион измислена со Баша

А1он

Мета: 180 милиони евра даночно затајување, напорите за борба против организираниот криминал ќе бидат поткопани

А1он