Плевнелиев: Бугарија беше цел на кибер напад на изборите во 2015 година

Од:

За време на локалните избори во 2015 година, Бугарија беше изложена на најсилниот и најмоќниот кибер напад, што некогаш е извршен на Балканот, изјави поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.

„Сајтовите на претседателот, Министерскиот совет и Централната изборна комисија, беа нападнати и блокирани. Сајтовите на овие најважни институции не можеа да функционираат. Како шеф на државата регаирав веднаш – побарав објаснување од службите и спроведување меѓународна истрага за да се утврди кој го изврши овој напад врз Бугарија и бугарската демократија,“ изјави Плевнелиев во интервју за телевизијата Нова.

Според Плевнелиев, како што јави БГНЕС, целта на овој напад била да пропаднат едни демократски избори.

„Со многу голем степен на веројатност врз основа на писмени документи и извештаи, можам да кажам дека зад тој напад стоеше групата Фенси Беарс, која се поврзува со руското веоно разузнавање“, нагласи Плевнелиев.

Би можело да ве интересира

Македонските и бугарските историчари денеска ќе разговараат за Делчев

Ана Ололовска

За средниот век и Гоце Делчев ќе се усогласуваат македонските и бугарските експерти

Ана Ололовска

Мешовитата македонско-бугарската експертска комисија утре и задутре на нов состанок во Софија

Ана Ололовска

Бугарин обвинет за шпионажа за Русија

Ана Ололовска

Висока воена делегација од Бугарија во посета на Скопје

А1он

Бугарија им плати 1,2 милијарди долари на САД за осум авиони Ф-16