Пленковиќ жали поради острата реакција од БиХ

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изрази жалење поради, како што рече, претераната реакција од БиХ поради погрешно пренесената изјава на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Хрватските медиуми пренесоа дека таа во Израел рекла дека БиХ е „многу нестабилна земја и дека на одреден начин ја презеле луѓе кои се поврзани со Иран и терористички организации“, по што следуваше демант од хрватската претседателка, но и беше повлечен тој дел од текстот објавен во „Ерусалим Пост“.

– Нашата политика кон БиХ е да развиваме добрососедски односи и партнерска соработка, рече Пленковиќ на владината седница и дополни дека му е жал за погрешно пренесената вест.

Тој истакна дека е важно Хрватска и БиХ да бидат внимателни во комуникацијата, меѓусебно да се почитуваат и да ги решаваат отворените прашања.

– БиХ е наша соседна и блиска земја и поради тоа ми е жал поради ваквите жестоки реакции, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра