Пленковиќ за Ле Монд: Одливот на луѓе е егзистенцијално прашање, но слободното движење е основата на ЕУ

Од:

Масовниот одлив ма луѓе од источните кон западните земји членки на Европската Унија е егзистенцијално прашање, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во интервју за француски Ле Монд.

Пленковиќ рече дека Хрватска поради миграцијата годишно губи популација колку еден град со 15.000 луѓе. Тој потенцираше дека поради овој проблем не може да се ограничи слободата на движењето на луѓето, бидејќи тоа е едно од најголемите придобивки од европскиот проект, јави дописникот на МИА.

– Новите земји членки мораат и понатаму да ја користат европската помош за да ги стигнат развиените држави и да го намалат социјалниот јаз, изјави хрватскиот премиер.

Пленковиќ во интервјуто одговара на прашања од повеќе теми, шри што порача дека во Европа мора повеќе да се разговара за растечкиот популизам, бидејќи според него, незадоволството кај граѓаните е одлично тло за популистите кои го користат тоа.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари