Пленковиќ најави можност за олеснување на мерките од 1 март

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја најави можноста од 1 март да дојде до олеснување на епидемиолошките мерки во земјата, барем кога станува збор за отворање на терасите и градините на угостителските објекти и спортските сали.

Премиерот прецизираше дека Националниот штаб за оваа идеја ќе дебатира уште утре, но, исто така, посочи дека тоа ќе биде добро, доколку се спроведе со соодветни епидемиолошки мерки.

-Ќе биде можно да се одржуваат тренинзи во затворен простор. Ќе има некои специфики во однос на контактните спортови, рече Пленковиќ на отворениот дел од владината седница.

Премиерот притоа апелираше до граѓаните премногу да не се олабавуваат затоа што, како што рече, доколку се влоши епидемиолошката состојба, секогаш може да се преземат порестриктивни мерки.

-Се обидуваме да ги зачуваме здравјето, економијата, стабилноста, платите, пензиите и работните места, рече Пленкоивиќ, кој олеснувањето на епидемиолошките мерки го најави и покрај зголемениот број нови инфекции во земјата во последните неколку дена.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он