Пленковиќ: Милановиќ со скандалозни изјави го уништува угледот на Хрватска

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го повика денеска претседателот Зоран Милановиќ дека го уништува угледот и кредибилитетот на Хрватска, додавајќи дека Владата се оградува од неговите ставови за ситуацијата во Украина.

– Изјавите на Милановиќ се штетни за угледот на Хрватска и срамни. Тие водат до големо разочарување, би рекол срам на нашите партнери, од САД до членките на НАТО, членките на Европската унија, нашите соседни земји, истакна Пленковиќ на владината седница.

Тој додаде дека веројатно секој посериозен амбасадор ќе биде повикан на разговор поради изјавите на Милановиќ.

– Тоа е лошо, тоа е скандалозно, го уништува угледот и кредибилитетот на Хрватска. Тоа е целосно спротивно на надворешната политика, принципиелните позиции на хрватската влада. Не само кога станува збор за Украина, туку и многу други земји, изјави Пленковиќ.

Украинското Министерство за надворешни работи вчера ја повика хрватската амбасадорка во Киев Аница Џамиќ да протестира поради изјавите на шефот на државата, додека, пак, неговите зборови позитивно одекнаа во Русија.

Милановиќ рече дека Хрватска на никаков начин нема да се вклучи во кризата доколку таа ескалира, а исто така нема да има ниту свои војници. Тој посочи дека за Украина нема место во НАТО и дека ЕУ поттикнала „државен удар“ во Украина, со што во 2014 година беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович.

Пленковиќ повтори дека ставот на хрватската Влада е „почитување на територијалниот интегритет на Украина, почитување на принципите на меѓународното право, застапување за мир, за деескалација на конфликти, намалување на тензиите и придонес во напорите на меѓународната заедница, било да е тоа преку различни формати кои постојат, преку нашите активности во НАТО, во Европската унија или во други организации“.

Тој демантираше дека се размислува за испраќање војници во Украина, велејќи дека тоа не е на агендата на ниту една меѓународна организација, тврдејќи дека тоа е „непостоечка тема“ и се огради од изјавите на претседателот.

Иако распореди свои воени сили во близина на украинската граница, Русија во неколку наврати повторува дека не планира напад врз Украина. САД, НАТО, Франција и Германија се обидуваат на дипломатски начин да ја решат кризата преку „нормандискиот формат“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси