Пленковиќ и Фон дер Лајен на 1 јануари ќе посетат хрватско-словенечки граничен пункт

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска, по завршувањето на 19-та седница на Националниот совет за воведување на еврото како официјална валута во Република Хрватска, соопшти дека по повод влезот на земјата во Шенген и еврозоната на 1 јануари ќе ја посети хрватско-словенечкиот граничен пункт Брегана.

Заедно со него ќе биде и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а таму ќе ги пречека претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Подоцна во текот на денот на централниот плоштад во Загреб „Бан Јосип Јелачиќ“ ќе се напијат кафе, кое ќе го платат во евра.

– Настанот ќе го одбележиме симболично, без големи прослави и трошоци. Мислам дека ова е сосема соодветен начин да се одбележи оваа опиплива промена за сите наши граѓани, рече Пленковиќ.

Тој заклучи дека најважно е целата операција на преминувањето на еврото да се одвива непречено и без никакви тешкотии за граѓаните, објави хрватската влада на својата официјална страница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силно невреме синоќа го опустоши Ровињ, поплавени улици, дрвја паднати врз автомобили

Ана Ололовска

Жена во Хрватска удрила дете на пешачки, го преместила и го оставила без свест

Горан Наумовски

Елитни руски шпиони се преправале дека се семејни луѓе во Словенија

Двајца пациенти починале во чекалната на „Свети Дух“ – едниот бил пронајден од семејството

Угостител од Истра: На готвачите им нудам 2.000 евра, на келнерите 1.000, никој не сака да работи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Експлозија одекна низ цел град, детонирана подводна мина кај Риека

Катерина Павлова-Николовска