Пленковиќ: Хрватска е за натамошен развој на билатералната соработка со Црна Гора

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во разговор со црногорскиот министер за надворешни работи Ранко Кривокапиќ изјави дека Хрватска е заинтересирана за натамошен развој на билатералната соработка со Црна Гора како близок сосед и НАТО сојузник.

dobivaj vesti na viber

„Зачувувањето на стабилноста во регионот на Западен Балкан е во интерес на двете земји, особено во услови на континуирана руска агресија во Украина“, соопшти владината прес-служба по средбата во Загреб.

Пленковиќ, се додава, повторил дека Хрватска ќе продолжи силно да го поддржува европскиот пат на Црна Гора и да ги пренесува своите искуства од интеграцискиот процес.

Во соопштението се наведува дека Пленковиќ и Кривокапиќ, кој е во официјална посета на Хрватска, го изразиле своето задоволство од заедничкото откривање на спомен плочата на Вис на високиот офицер на поранешната ЈНА, црногорскиот адмирал Владимир Баровиќ, кој за време на агресијата против Хрватска одби да учествува во нападите врз хрватските крајбрежни градови.

Црногорските и хрватските власти вчера во Самогор на Вис открија спомен плоча на Баровиќ, кој се самоуби во септември 1991 година, откако како командант на Петтиот воено-поморски сектор во Пула, одби да нареди гранатирање на хрватските градови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Совет на ЕУ: Црногорските политички актери да се воздржат од продлабочување на институционалната криза

А1он

Пронајдени се двајцата пилоти од урнатиот хрватски МиГ-21

Се урна авион во Хрватска, во тек е голема потрага по пилоти

А1он

Хрватска меѓу земјите на ЕУ со најголем пад во продажбата на мало

Ана Ололовска

Билчик: Црна Гора е во длабока криза, потребни се избори

А1он

Јохансон: Бугарија, Романија и Хрватска целосно ги исполнуваат сите барања за влез во Шенген

А1он