Пленковиќ до Вучиќ: Големосрпската агресија е трагедија која што им се случи на Хрватска и БиХ

Од:

Големосрпската агресија не е флоскула, туку трагедија која што им се случи на Хрватска и Босна и Херцеговина (БиХ), рекол во четвртокот хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како реакција на неодамнешната изјава на српскиот премиер Александар Вучиќ дека хрватскиот говор за големосрпската агресија е само празно тврдење, пренесуваат хрватските медиуми.

„Што се однесува до големосрпската агресија на Слободан Милошевиќ, мојот став е дециден и јасен – за жал не се работи само за флоскула туку за трагедија која што им се случи на Хрватска и БиХ“, рекол Пленковиќ.

Откако Хрватска ги задржа своите резерви во однос на отворањето на поглавјето 26 од преговорите со ЕУ, кое се однесува на образованието и културата, српскиот премиер Вучиќ рекол дека на Србија не и треба лекција од страна на оние „кои држат до тоа дека историјата започнува со флоскулата за големосрпската агресија“.

„Мислам дека бев доста прецизен на седницата на Владата. Резервите кои ги имавме во однос на поглавјето за образование и култура беа аргументирани и се однесуваат на обврските кои Србија ги презема во поглед на исполнувањето на задачите кон хрватското малцинство кога се работи за средношколското и основното образование. Фактот дека Хрватска даде дозвола за отворање на две поглавја е јасен сигнал за прецизните хрватски аргументи, а на за априори став“, рекол Пленковиќ по пристигнувањето на состанокот на 28-те лидери на земјите членки на ЕУ.

Пленковиќ додал дека хрватската влада сака следните четири години да ги искористи за решавање на преостантите прашања од односите со Србија, што треба да придонесе за нормализација на односите и гледање кон иднината и развојот. „Мислам дека постои доволно политичка зрелост за овој момент да биде искористен за тој процес“, рекол Пленковиќ.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ