Плажите во Црна Гора најверојатно ќе се отворат на 18 мај, ќе се ограничува бројот на луѓе во вода и на плажа

Од:

Црна Гора очекува наскоро целосно да го искорени коронавирусот, откако денеска нема ниту едно потврдено новозаразено лице, а во последните седум дена е регистриран само еден случај на заразено лице.

Плажите би можелe да бидат отворени уште на 18 мај, а од јавното претпријатие „Морско добро“, во соработка со Институтот за јавно здравје се подготвуваат сет мерки со цел на гостите да им биде обезбедена здравствената безбедност, пренесуваат црногорските медиуми.

Директорот на „Морско добро“, Предраг Јелушиќ за „Вјести“ изјавува дека на закупците на плажите и на угостителските објекти ќе им бидат овозможени и сет олеснителни мерки – намалување на закупот на плажите и можност за плаќање на 12 рати.

Летната сезона во Црна Гора најчесто почнуваше на 1 мај.

„Во соработка со ИЈЗ и со Министерството за одржлив развој и туризам подготвуваме сет мерки за почитување на физичката дистанца и спречување на потенцијалното ширење на вирусот. Тие мерки подразбираат организација на просторот на плажите, на начин да се овозможи и видливо да се обележи адекватна дистанца меѓу луѓето кои се капат, да се ограничи бројот на луѓето во водата и на плажите, мерки кои се однесуваат на организација на забавните, рекреативни и спортски активности итн. Нашиот предлог е поднесен до Оперативниот штаб и е прифатен од страна на Одборот за туризам и угостителство“, изјавува Јелушиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора