Планот на Тачи за северот на Косово

Од:

Владата на Косово и Меѓународната цивилна канцеларија изработија план според кој на мнозинското српско население на северот на Косово им се нуди самостојност во полицијата и во судот пренесува приштинскиот весник „Коха Диторе“.

Како прв конкретен чекор се најавува отворање на администѕративни канцеларии за северот на Косово, а планот предвидува уште неколку акции кои во иднина ќе бидат изведени.

Локални избори со отворени списоци и по систем по кој за претседател на општината ќе се гласа одвоено од останатите кандидати за собрание, инвестиции во инфраструктурата и создавање можност Судот во Косовска Митровица да бисе составен од српски судии од Косово, се само некои од планираните активности.

Планот поаѓа од ставот дека Србите на Косово нема да ја прифатат независноста на Косово.

„Косовските Срби нема да ја признаат косовскара реалност, но ќе се прилагодат“, се наведува во планот во кој се објаснува дека косовската влада со помош на меѓународните актери треба да ја замени таа реалност поради добото на граѓаните, се наведува во документот.

 

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски