Петровиќ: Од зачленувањето во НАТО до денес обемот на инвестиции во Црна Гора достигна 1,3 милијарди евра

Од:

„Економските бенефити се само дел од придобивките кои ги носи членството во НАТО и тие се многу јасни и опипливи. Во 2018 година зголемен е обемот на инвестиции од државите членки на НАТО за 64 проценти во однос на 2017 година кога Црна Гора стана членка на НАТО, а до денес обемот на инвестиции изнесува 1,3 милијарди евра, од кои само лани инвестициите од земји членки на НАТО се 248 милиони“, вели во интервју за МИА, амбасадорката на Црна Гора Марија Петровиќ.

Според неа, постојат и други конкретни придобивки кои произлегуваат од интеграцијата во НАТО системот на кодификации, но тие забележле најголем раст на приходите во индустриското производство, во пристанишните шпедитерски услуги.

„Во Црна Гора е многу важен и растот на приходи од туризмот со оглед дека стопанството на земјата особено се потпира на туризмот. Ние забележавме раст на бројот на туристи од НАТО земјите за околу 25 отсто. Значи за мали држави како што е Црна Гора членството во најмоќната организација на светот подразбира гаранција на деловниот и инвестицискиот амбиент, а исто така влијае и на економските потенцијали“, рече амбасадорката Петровиќ.

Во однос на членството во ЕУ, црногорската амбасадорка посочува дека Подгорица ги почна преговорите со Унијата во 2012 година, пред осум години и е најнапредната земја во регионот кога станува збор за преговарачкиот процес.

Црна Гора досега отвори 32 од 33 поглавја, а очекуваат во најскоро време да го отворат и последното преговарачко поглавје 8 (конкурентност).

Привремено затворија три преговарачки поглавја, а во текот на целиот преговарачки процес Црна Гора во фокусот на своите активности, вели, го стави „владеењето на правото“ – поглавје 23 и 24 кои заедно со себе носат најголеми предизвици.

Сепак, иако не се обврзани,  Црна Гора не исклучува можност да ја прифати новата методологија ако таа носи поголеми придобивки во однос на побрза евроинтеграција на земјата.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО