Петмина пратеници повредени во тепачка во турскиот Парламент

Од:

Петмина пратеници утринава се повредени во тепачка која се случи во турскиот Парламент, при што се фрлале столици, а народните избраници меѓусебе се удирале со чеканчето и ѕвончето кои ги користи претседателот на Собранието за време на седниците.

Инцидентот избил рано изутринава откако опозициските пратеници се обиделе да го одложат почетокот на дебатата за спорниот предлог-закон за безбедност, со кој на полицијата би и се дале поголеми овластувања при претреси и апсења.

Пратеникот на прокурдската партија, Ертугрул Куркчу изјави дека за време на физичката пресметка во просторијата летале столици, а двајца пратеника биле удрени со чеканчето и ѕвончето, по што се пренесени во болница.

На Куркчу и уште двајца пратеника им била дадена помош во амбулантата во зградата на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ