Петков: Привршуваат тестовите на гасната интерконекција меѓу Бугарија и Грција

Од:

Тестовите на гасната интерконекција Грција-Бугарија се при крај, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во Александрополис. Тој изрази надеж дека многу брзо ќе има вистински гас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков, по увидот на дел од новонастанатата гасна интерконекција меѓу Бугарија и Грција во регионот на Комотини, во Александрополис рече дека преку приклучокот гас може да протече пред септември годинава.

Според него, досега тестовите не покажале никакви дефекти. – До крајот на јуни целиот проект од бугарска и грчка страна треба да биде завршен. Со овој проект, ризикот дека Газпром може да го исклучи бугарскиот гас е значително намален. Цените за бугарските потрошувачи ќе бидат добри, рече Петков.

Тој ја посети мерната станица за гас, каде потврди дека и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис како приоритет најавил завршување на проектот.

Интерконекторот треба да ги поврзе мрежите за пренос на гас на двете соседни земји, обезбедувајќи пристап до Јужниот гасен коридор и голем број нови извори на природен гас. ИГБ има вкупна должина од 182 километри, од кои повеќето се на бугарска територија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе