Петков нареди ревизија на „Турски поток“, според него – корупцијата е инструмент на влијанието на Путин во Бугарија

Од:

Бугарскот премиер Кирил Петков наредил целосна проверка на проектот „Турски поток“, изграден по прекинот на „Јужен поток“, јавија бугарските медиуми. Според неговото објаснување, неговите коалициски партнери ја гледаат корупцијата како клучна алатка за влијанието на Путин во Бугарија. Ставот го искажа на почетокот на владина седница.

„Овој тип на проект е токму она што се зборува кога корупцијата се користи како надворешнополитичко средство од Путин“, нагласи Петков.

Тој додаде дека по посетата на САД е договорена набавка на течен гас по ниски цени, а паралелно, Министерството за енергетика на Бугарија ќе продолжи да преговара за дополнителни набавки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит