Петков: Грешка е што Бугарија се откажа од евтин гас од Азербејџан

Од:

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска изјави дека е грешка што Бугарија се откажала од евтиниот гас од Азербејџан, пренесува БГНЕС.

„Погледнете што се случува на светскиот пазар. Вчера цената на гасот беше 114 евра за мегават/час, немаме гас, можеме само да купуваме. Тоа што се откажавме од евтин гас од Азаербејџан е грешка. Единствено што можеме да направиме е да ја следиме ситуацијата и да купуваме гас кога цената на берзите ќе биде пониска, изјави тој.

Тој најави дека во текот на оваа седмица ќе отпатува за Грција за лично да види како напредува поврзувањето со грчкиот гасовод.

„Се надевам дека тој проект ќе биде готов до крајот на јуни. Тоа е огромен проект што јас лично го раководам. Единаесет години не беше изграден, а сега ние ќе се обидеме да го изградиме за шест месеци. Тоа ни се случува заедно со сите останати проблеми. Немаме кризен штаб, не сме подготвени да се соочиме со ценовни шокови, немаме функционална Агенција за бегалци. За 90 дена од ништо правиме нешто“, рече Петков во изјавата за медиумите.

Кирил Петков ја врши премиерската функција во Бугарија од 13 декември минатата година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?