Петков: Борисов да се пензионира, а по реформите во судството – да оди во затвор

Од:

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, мора да се пензионира бидејќи ја стопира реформата на партијата. Со него нема да се направи судска реформа, бидејќи со сегашниот систем мора да оди во затвор. Тој крадел 3-4 милијарди лева годишно. Еден европски лидер изјави дека Бугарија не била примена во Шенген поради него. Тоа за бугарската „Нова ТВ“ го изјави поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, копретседател на „Продолжуваме со промената“.

Тој нагласи дека претседателот Румен Радев не е политички противник на партијата.

Според него, ако преодната влада ги одбие договорените танкери од САД (со гас), ќе излезе во знак на протест, а неставањето во функција на гасната врска со Грција до крајот на август ќе биде намерна акција на кабинетот. Петков додаде дека четирипати ќе биде поевтин гасот кога ќе биде ставена во функција гасната врска со Грција. Петков нагласи дека нема намера да коалицира со Борисов на изборите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Борисов до мајката на Пендиков: Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев

Орце Костов

Бојко Борисов најави средба со Кирил Петков

Претседателот на Бугарија Румен Радев ќе има консултации со партијата на Кирил Петков и Асен Василев, Борисов нуди нови консултации

Кирил Петков: ГЕРБ, откако победи на изборите во Бугарија, мора да формира влада

Горан Наумовски

Регистрирани партиите на Стефан Јанев и на Кирил Петков за предвремените избори во Бугарија

Донев: Почнува план за финансиска стабилизација на „Булгаргаз”

А1он