Петгодишно дете најмлада жртва од Ковид-19 во Албанија

Од:

Петгодишно дете почина како последица од компликации со Ковид-19, што е најмладата жртва од опасниот вирус во Албанија.

Според албанските медиуми детенцето било на болнички третман осум дена во болницата во Саранда, по што било транспортирано во болницата во Тирана.

– Поради влошената состојба потоа беше транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но момченцето со иницијали М.Н. не успеа да го победи невидливиот непријател и почина во болница во Турција, наведува Ора њуз.
Детето имало голема тежина, околу 54 килограми.

Според официјалната статистика на Министерството за здравство детето од Саранда е 2.881 жртва од Ковид- 19 во Албанија, каде од почетокот на пандемијата во март минатата година опасниот вирус е дијагностициран кај над 800 деца.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија