Петар Петковиќ: Се води информативна војна меѓу Приштина против Белград

Од:

Директорот на владината канцеларија за Косово на Република Србија Петар Петковиќ, ги отфрли како „апсолутни лаги“ написите на некои срспки медиуми дека во Брисел е постигнат договор според кој пререгистрацијата на регистарските таблички на Косово е одложена за 10 месеци како и дека формирањето на Зедницата на српски општини (ЗСО) е поврзана со таканаречениот француско-германски план, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ова е еден вид информативна војна која Приштина ја води против Белград, на само три дена пред почетокот на спроведувањето на казнената политика на Албин Курти кон Србите. Тоа е чиста измислица со цел Приштина да излезе од оваа ситуација и да се обиде да ја сподели одговорноста за нивната незаконска и еднострана одлука за регистарските таблички, изјави Петковиќ на ТВ Пинк. Тој оцени дека е „посебен скандал“ што „пропагандата на Приштина“ ја преземала Радиотелевизија Србија и агенцијата Фонет.

-Скандалозно е што објавуваат лажни вести и го доведуваат во прашање сето она што го правевме и правиме кога станува збор за Србите на Косово и Метохија. РТС да не ја провери таа вест- а ни се јавуваат за секоја ситница. Не е РТС јавен сервис на Приштина што ќе ја води пропагандата на Албин Курти, изјави директорот на српската владина канцеларија.

Петковиќ кажа дека не добил покана да оди во Брисел и дека целиот вчерашен ден го поминал во Белград.

-Немаме што за табличките да преговараме со Приштина. Тука е потребно само Курти да ја повлече незаконската одлука што ја донел, рече Петковиќ.

РТС утрово соопшти дека доцна синоќа во Брисел, Приштина и Белград постигнале договор за регистарските таблички, според кој рокот за пререгистрација е одложен за 10 месеци.

Повикувајќи се на медиумите во Косово, РТС објави дека договорот предвидува враќање на Србите во институциите на Косово, со исклучок на претставниците на Српската листа, кои останаа без мандат. Исто така, двете страни се договориле Заедницата на српските општини да се формира во рамките на француско-германскиот план.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски