Пет години забрана за лов на животни во Црна Гора

Од:

Полицијата во црногорскиот град Беране вчера уапси две лица, кои се товарат дека пред два дена на територијата на таа општина убиле мечка.

Со цел да се расветли кривичното дело, квалификувано како убиство и мачење на животни, но и уништување на нивното живеалиште, во службените полициски простории биле приведени шест лица.

Овој случај уште еднаш го отвори прашањето за состојбата во областа на ловот, па 60 невладини организации побараа вчера од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство целосно да се забрани ловот во Црна Гора во следните пет години.

– Алармантната состојба во областа на ловството, како и широко распространетите незаконски активности кога станува збор за неловни, заштитени видови, бара итно воведување на мораториум на ловот во период од најмалку пет години, се наведува во барањето испратено до ресорот предводен од Александар Стијовиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора