Пејачи, адвокати, лекари и пратеници се најдоа на списокот на даночни измами во Грција

Од:

Даночните измами продолжуваат да се најголемото зло за Грција, а при проверките властите постојано се соочуваат со зачудувачки факти за неплатени давачки и документирани фалсификати.

Весникот „Еспресо“ наведува дека во рамките на извршените три илјади проверки во изминатиот период Канцеларијата за борба против финансискиот криминал се утврдени голем број даночни прекршоци, така што на списокот даночни затајувачи фигурираат познати пејачи, адвокати, лекари, пратеници и големи бизнисмени.

За време на туристичката сезона властите во Грција констатираа најголем број даночни прекршувања на островите. При проверките беше утврдено дека наспроти законските одредби, никој не издавал фискални сметки.

 

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција