Пецас: Процесот на враќање во нормала ќе биде бавен и долг

Од:

Процесот на враќање во нормала ќе биде бавен и долг, нема да се случи преку ноќ, порача портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен, преку видеоконференција, брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас уште еднаш повтори дека Грција е во подобра ситуација од многу други европски земји, но истакна дека ништо не е завршено, а враќањето во нормала зависи од сите.

Паралелно се осврна и на дел од грчките медиуми кои во изминатите денови објавуваат информации за наводни планови за враќање на земјата во нормала, коментирајќи дека станува збор за лажни вести.

-Натписи во медиумите за наводни планови што се однесуваат на укинување на мерките и содржат разни датуми се лажни вести. Целосно се неосновани и опасни. Некои играат на штета на граѓаните и на нивната трпеливост. А овие малкумина, да не заборават дека, освен општествената суровост што ја имаат, таквите текстови спаѓаат и под одредбите на законот за ширење лажни вести. Периодов не е за неодговорни игри, ниту за несериозност, ниту за незагриженост, порача портпаролот на грчката Влада.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен