Пецас: Комисијата за трговските ознаки има и други работи, освен промоција на „македонско од нашата Македонија“

Од:

Комисијата има да направи многу работи, бидејќи ознаките не се однесуваат само на „македонски, македонска, македонско од страна на нашата Македонија“, туку е поврзано и со обврските што ги има Владата на Северна Македонија, изјави портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на тоа која би била улогата на Комисијата за трговските ознаки што произлегува од Договорот од Преспа, од моментот кога е веќе промовирано грчкото лого за грчките производи.

– Комисијата има многу работи да направи, ознаките не се однесуваат само на прашањата на промоција и гарантирање на македонски, македонска, македонско од страна на нашата Македонија, туку е поврзано и со обврските што ги има Владата на Северна Македонија да се прилагоди на Договорот од Преспа и сразмерно се многу повеќе, објасни портпаролот на грчката Влада.

На прашањето на МИА, кој е одговорот на Атина на ставот дека промовираната трговска ознака „можеби и не е во духот на Договорот од Преспа“ и е еднострано дејство од грчка страна, Пецас, без да даде директен одговор, рече дека целта на Грција е да не се создава збрка и на потрошувачите на светскиот пазар да им биде јасно потеклото на грчките производи.

– Одговорот го даде (грчкиот) премиер и на средбата со господинот Заев, а во продолжение и во неговиот говор на Самитот во Солун минатата седмица, кога јасно се осврна, на пример, на прашањето со производителите на вино од Иматија и на другите обиди што се правеа од соседната земја со имиња како што е „Wines of Macedonia“, што создаваат само збрка. Ние сакаме да им биде јасно на сите потрошувачи на светскиот пазар кое е потеклото на нашите производи и сите да сфаќаат дека кога говориме за производи од грчката почва говориме за такво потекло, рече Пецас.

На новинарско прашање во однос на тоа дали грчката Влада ќе преземе иницијативи за ЕУ перспективата на Западен Балкан, портпаролот на грчката влада одговори позитивно.

– Секако дека премиерот ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и презема иницијативи за нив, конкретно, рековме дека ќе се преземат иницијативи и на ниво на француската Влада, која во овој момент е земјата што има најмногу приговори за ова прашање, барем како што се покажа на последниот Самит, рече Пецас.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен