Павлопулос: Грција поддржува забрзување на европската перспектива на земјите од регионот

Од:

Грција е подготвена да ги поддржи оние држави од нашиот регион што сѐ уште не се членки на Европската унија со цел да се забрза нивната европска перспектива, вели грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во неговата честитка до Грците кои живеат во странство, по повод божиќните празници и Нова година.

Павлопулос истакна дека за оваа поддршка земјите кандидати потребно е да ги исполнат и двата очигледни предуслови, односно целосно усогласување со европското законодавство и решавање на билатералните прашања.

– Во однос на нашиот регион, Грција очигледно поддржува формирање на еден цврст југоисточен столб на Европската унија, кој зад себе го остава Балканот на војни, на поделби и на конфронтации, а државите работат заедно за европска интеграција. Ова значи дека Грција е подготвена да ги поддржи оние држави од нашиот регион што сѐ уште не се членки на Европската унија со цел да се забрза нивната европска перспектива, под двата предуслови што се подразбираат. Прво, од нивна страна, целосно, без отстапки, прилагодување на сите барања на европското законодавство и второ, претходно конечно решавање на какви било спорови со други држави, рече грчкиот претседател.

Во писмената честитка, Павлопулос акцентот го става на надворешната политика на Грција, велејќи дека таа е мултидимензионална и „способна ефективно да ги заштити националните прашања и националните права“.

Грчкиот претседател вели дека тие ја поддржуваат европската перспектива и на Турција, но под услов да ги почитува меѓународното и европското право.

– За жал, самата Турција го поткопува секој аспект на нејзината европска перспектива, директно и недвосмислено, прекршувајќи ги меѓународното и европското право, рече Павлопулос и спомена три примери за ова однесување на Турција: интервенцијата во Сирија, ставот во однос на мигрантите и бегалците и Меморандумот меѓу Турција и Либија.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен