Патријарх Порфириј: Запрепастен сум дека некој со снајпер сакаше да го спречи овој чин на љубов

Од:

Патријархот Порфириј, заминувајќи од Црна Гора, се обрати преку Инстаграм и испрати емотивна порака.

– Се разделувам, се надевам не долго, со оваа блажена земја и народ, со двојни чувства. Многу сум среќен затоа што ја завршивме работата на Црквата, го устоличивме митрополитот според волјата на Црквата и луѓето од оваа епископија, луѓето кои длабоко ја сакаат Светосавската црква.

Но, јас сум и повеќе од тажен, дури и запрепастен од фактот дека на повидок имаше некои луѓе кои имаа намера да го спречат овој чин на љубов кон сите со снајперска пушка. Им благодарам на сите, жал ми е за сите што беа повредени на било кој начин и барам прошка. Му се молам на Бога за оваа земја, за овој народ и за сите луѓе, и ги молам да се молат за мене, бидејќи тие се поблиску до Бога, напиша патријархот.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски