Партијата на Варуфакис без претставник во Европскиот парламент

Од:

По преброени 93,76 отсто од гласовите, партијата на поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, Мера25 останува надвор од Европскиот парламент и го губи едното пратеничко место што го имаше до рано утрово, поради тоа што бројот на добиени гласови не е над цензусот од три проценти, јави дописничката на МИА од Атина.

Партијата Мера25, според првите официјални резултати во неделата вечерта имаше 3,11 отсто, вчера наутро 3,06, процент кој со пребројувањето на гласовите се намалуваше за утрово да стигне до 3,01 отсто. Овој 0.01 отсто значеше и едно пратеничко место во ЕП.

Сега со преброени 93.76 отсто од гласачките ливчиња, заклучно со 12.56 часот по локално време, партијата има 3 три проценти, со што го губи европратеникот, кој го добива партијата што освои најголем број гласови, односно Нова демократија.

Според последните податоци од Министерството за внатрешни работи на Грција, Нова демократија освоила 33,12 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА 23,80 проценти и шест мандати, Движење на промена 7,69 отсто и двајца европратеници, а по едно место во Европарламентот добија Комунистичка партија на Грција со освоени 5,38 отсто, Златна зора со 4,86 и Грчко решение со 4,15 проценти. Сите останати партии што се под три процентниот цензус заедно освоиле вкупно 21 отсто гласови.

Пребројувањето на гласовите продолжува и не е исклучена можноста да има нови промени.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски