Партијата на Шарец против давањето широки овластувања на словенечката војска

Од:

Во Словенија се компликува процедурата за активирање на членот 37 од Законот за одбрана, со кој треба на војската да и се дадат и некои полициски овластувања, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Откако Владата на Јанез Јанша побара двотретинско мнозинство во Собранието за да може војската ефикасно да се вклучи во обезбедувањето на границите, партијата ЛМШ на поранешниот премиер Марјан Шарец кажа дека тие нама да гласаат „За”.

Од ЛМШ порачаа дека причина за ваквата одлука е постојаното менување на текстот на законот кој го правела Владата, а не биле земени во предвид и нивните предлози за подобрување на текстот на законот.

Со предлогот на Владата војската треба активно да се вклучи во обезбедувањето пред се на јужната граница каде што има зголемен притисок на мигранти.

Дополнително Министерството за одбрана на Словенија денес ги повика припадниците на резервниот армиски состав, кои се во можност повторно да се пријават за служба во армијата.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он