Партијата на Ѓукановиќ: Опозицијата е одговорна за инцидентите, Црна Гора ќе ги одбрани своите клучни вредности

Од:

Црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) на претседателот Мило Ѓукановиќ денеска го обвини Демократскиот фронт, член на победничката коалиција „За иднината на Црна Гора“ и мнозинската опозиција, дека се одговорни за инцидентите што се случуваат во црногорските градови и притоа соопшти дека Црна Гора „ќе ги одбрани своите клучни вредности“.

Според ДПС, инцидентите се последица на националистичката и военоподбуцнувачка политика на Демократскиот фронт и мнозинската опозиција.

Негирајќи дека ДПС стои зад инцидентите, оттаму соопштуваат дека е срамно да се обвини партијата која со децении е на браникот на граѓанска Црна Гора и мултиетничката хармонија.

Партијата додава дека ги поздравува напорите на сите оние кои искрено работат на сузбивањето на националистичките собири на кои, како што наведува, се носат знамиња на друга држава и се загрозува мултинационалната хармонија.

„На кои се пеат четнички песни, се напаѓаат граѓани, се краде инвентар и се упатуваат повици за протерување на граѓаните на друга нација или религија“, се додава во соопштението на ДПС.

Таквото однесување, додава ДПС, нема да помине и Црна Гора ќе ги одбрани своите клучни вредности, пренесе РТЦГ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку три лица загинаа, неколку се повредени во сообраќајка на патот Цетиње – Будва

Горан Наумовски

Натпревар во лежење во Црна Гора-останаа пет учесници

(ВИДЕО) Училишно насилство во Црна Гора: Јa удираа наставничката, фрлаа столчиња и уништуваа инвентар

Горан Наумовски

Хорор во Црна Гора: За три дена пронајдени човечки скелет и две тела во фаза на распаѓање

Црна Гора: Започнаа протестните конвои, блокиран сообраќај во повеќе градови

Црногорските банки го удвоија профитот на повеќе од 66 милиони евра