Партијата на Ердоган ја критикува одлуката на демонстрантите за продолжување на протестите на Таксим

Од:

Портпаролот на владеачката Партија на правдата и развојот, Хусеин Челик, денеска ја критикуваше одлуката на движењето Солидарност за Таксим, кое соопшти дека ќе продолжат протестите на активистите, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

-Ако проблемот е поврзан со зачувување на животната средина сите пораки за прашањето се добиени, рече Челик, додавајќи дека прашањето прераснало во нешто повеќе од зачувување на дрвјата.

Рано утринава турските демонстранти соопштија дека нема да се повлечат од паркот Гези во Истанбул и покрај повикот од претседателот Абдула Ѓул да го прекинат својот протест и ветувањето на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган да се спроведе референдум во врска со плановите за реконструкција на паркот.

Неделава турската влада уште посочи дека нема да презема никаква градежна активност во врска со паркот Гези до донесувањето на судска одлука за проектот. Во меѓувреме лидерот на главната опозициска Народнорепубликанска партија (НРП) Кемал Калачдароглу денеска изјави дека одлуката на демонстрантите за продолжување на протестите треба да се почитува, информира „Хуриет дејли њуз“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски