Парламентарното мнозинство не го заборави Мета, се состана анкетната комисија

Од:

И покрај вонредната состојба во која се наоѓа Албанија по катастрофалниот земјотрес, парламентарното мнозинство и опозицијата не го заборавија прашањето за разрешување на претседателот Илир Мета.

Анкетна комисија се состана денеска за да го продолжи мандатот за уште четири месеци, образложувајќи го тоа дека „за да се испита така важна институција, како што е Претседател на државата, потребно е повеќе време“ и оти тоа се должи и на „ситуацијата во Албанија по земјотресот“.

Членовите на комисијата сметаат дека е невозможно да ја завршат работата до 8 декември, до кога беше првичниот рок.

– Продолжување на мандатот на комисијата за уште четири месеци е со цел успешно да се заврши оваа работа. Можеби ќе биде потребно повеќе време, но можеби работата ќе ја завршиме порано. Ова е прв случај на истрага за шеф на држава и дај Боже веќе да нема вакви случаи, рече Албан Зенели.

Анкетната парламентарна комисија беше формирана за да ги испита одлуките и пропустите на претседателот Мета во врска со уредбата за одложување на локалните избори кои претходно ги закажа на 30 јуни и уредбата за презакажување на истите за 13 октомври.

Претседателот е под истрага и за други акти поврзани со други пропусти. Мнозинството тврди дека Претседателот го прекршил Уставот, со што тој не се согласува.

Мета неколкупати повтори, а го кажа и пред Венецијанската комсија, која во Тирана беше на почетокот од септември, дека тоа го сторил за да ја спаси земјата од граѓанска војна по информаците добиени од безбедносните структури.

Во официјалниот извештај на Венецијанската комисија се наведува дека Мета не го прекршил Уставот.

По објавувањето на извештајот, Мета во својата реакција наведе дека Претседателот на Републиката жали што во текот на овие четири месеци е потрошена енергија која требало да биде во служба на евроинтеграциите на Албанија и на долгоочекуваната одлука за отворање преговори за пристапување кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија