Парламентарни избори во Албанија

Од:

Повеќе од 3,4 милиони албански граѓани со прав на глас денеска ги избираат новите 140 пратеници во Парламентот на Албанија.

Иако во единствениот избирачки список во кој се регистрирани 3.451.896 гласачи нема некои поголеми измени споредено со изборите во јуни 2013 година, сепак реалното гласачко тело е многу помало, поради големиот број граѓани кои се во емиграција.

На овие избори првпат своето граѓанско право на глас треба да го остварат 136.239 лица. Како последица на законот за лустрација првпат право на глас немаат 1.367 затвореници.

Се гласа во 12 изборни единици, на 5.362 гласачки места, а изборите ги набљудуваат 5.351 набљудувач,од кои 896 се од странски набљудувачки мисии.

На изборите учествуваат 18 политички субјекти со вкупно 2.666 кандидати, кои ќе се тркаат за новиот состав на албанскот законодавен дом.

Главната битка ќе се води меѓу трите најголеми политички партии, Социјалистичката, Демократската и Движењето за социјаистичка интеграција (ЛСИ).

Партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на овие избори е во коалиција со ЛСИ, на новиот албански претседател Илир Мета. Во изборната единица во Корча на кандидатската листа е Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ и познат активност за правата на Македонците.

Претседателот на Централната изборна комисја (ЦИК) Клемент Згури синоќа упати апел граѓанте да излезат што помасовно на гласање бидејќи „изборите се многу позначајни од било која партија“.

– Демократија е учество на избори. Што помасовно учество на избори,толку поголема демократија. Албанските граѓани имаат можност да создадат демократија, затоа во име на ЦИК апелирам сите граѓани со право на глас што помасовно да излезат и да го остварат своето право на глас, порача Згури.

На изборите пред четири години триумфираше левата коалиција „Алијанса за европска Албанија“ предводена од социјалистите на Еди Рама, а во која беше и ЛСИ на Илир Мета, како и повеќе помали политички партии.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Парламентарни избори во Албанија

Од:

Во недела околу 3,3 милиони албански граѓани со прав на глас ќе ги избираат новите 140 пратеници во Парламентот на Албанија. Иако во единствениот избирачки список околу бројот на гласачите нема некои поголеми измени, сепак реално гласачкото тело е многу помало, поради големиот број граѓани кои се во емиграција, што го потврдија последните податоци од пописот на населенето.

Ќе се гласа на повеќе од 4.400 избирачки места, кои веќе ги обезбдува плицијата, откако денеска почна доставување на изборниот материјал. Избирачките одбори се комплетирани и досега нема некои полеми проблем.

Најголемиот проблем кој може да продуцира дополнителни проблеми подоцна, е нецелоноста Централната изборна комисија (ЦИК), која по оставките на тројцата претставници на опозицијта, сега функционира само со четворица членови и покрај апелите на меѓународните претставници за нејзино докоплетирање.

Претседателката на ЦИК, Лефтере Леши, ветува транспарентна и независна работа на Комисијата, чија работење ќе го следат и претстваници на странски амбасади во Тирана, при што ќе има еден претставник и од македонската Амбасада.

Гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а затворени во 19 часот. Изборите ќе ги следат над 400 набљудвачи на ОБСЕ, чија Мисија ја предводи Кони Меккормак.

Најжеската битка ќе се води, како и на досегашните избори, меѓу двете најголеми политички сили, актуелната владеjачка Демократска партија на премиерот Сали Бериша, која ја предводи коалицијата „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ и опозициската Социјалистичка партија на Еди Рама, која е предводник на коалицијата „Алијанса за европска Албанија“.

Вкупно на изборите учествуваат 66 политички партии. Самостојно на изборите насташуваат партијата Нов демократски дух на поранешниот албански претседател Бамир Топи и нациоалистичката Алијанса „Црвено-црни“ на Крешник Спахиу, кои се на четврто и петто место по рејтингот.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија