Париз ја повика Србија и „особено Косово“ да го прифатат предлогот на ЕУ за регистарски таблички

Од:

Франција денеска ја повика Србија и Косово да го прифатат предлогот на Европската унија за решавање на спорот за регистарските таблички по неуспехот на преговорите за кои Брисел ја обвини Приштина, пренесе Бета.

Франција „ги повикува двете страни, особено Косово, да го прифатат компромисниот предлог формулиран од Европската унија“, се вели во соопштението на портпаролката на француското Министерство за надворешни работи.

„Франција целосно го поддржува европското посредување, кое треба да овозможи напредок кон глобален и правно обврзувачки договор меѓу Србија и Косово и напредок кон европската перспектива на двете земји“, се вели во соопштението на француското Министерство.

„Франција силно ги повикува страните да ги продолжат разговорите во наредните денови во духот на компромисот и да ги спроведат веќе склучените договори, вклучително и одредбите поврзани со Заедницата на српските општини“, се вели во соопштението.

„Франција се придружува на повиците на Европската унија да се избегне каква било унилатерална акција што може да поттикне тензии“, се заклучува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари