Папуљас: Грција треба што побрзо да излезе од криза

Од:

Претседателот на Грција, Каролос Папуљас денеска изјави дека неговата земја треба што побрзо да излезе од економската криза, бидејќи грчкиот народ дал се од себе.

Тој наведе дека заздравувањето од кризата, поради која Грција е зависна од меѓународната помош во следните две години, треба што побрзо да уследи бидејќи не може „повеќе да се бара од народот кој даде се од себе“.

Папуљас, обрајќајќи се на крајот од овогодинешната воена парада во Солун по повод прославата на грчкиот отпор на силите на оската за време на Втората светска војна, изрази оптимизам дека грчкиот народ ќе излезе од кризата.

Овогодинешната прослава на грчкиот отпор се одбележува и со крајот на тридневното одбележување на Балканските војни (1912-1914).

Воената парада во Солун и годинешната студенска парада во Атина се одржаа под засилен безндносни мерки. Минатата година неколку илјади демонстранти поради мерките за штедење ја блокираа парадата во Солин, поради што Папуљас замина од собирот неколку минути пред тој да почне.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски