Папата Франциск во посета на бегалски камп во Софија

Од:

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск денеска на вториот ден од престојот во Бугарија, го посети бегалскиот прифатен центар „Враждебна“ на периферијата на Софија.

Понтифот за време на престојот во кампот се сретна со неговото раководство и со претставници на католичката хуманитарната организација Каритас, чии активисти им помагаат на бегалците сместени во центарот, јави специјалниот известувач на МИА од Софија.

Папата имаше средба и 50 бегалци, првенствено деца од Сирија, сместени во центарот, кои изведоа пригодна програма за него и му подарија цртежи и предмети што самите ги изработија.

На средбата со бегалците папата се осврна на проблемот со мигрантската криза, порачувајќи дека состојбата со мигрантите денес е крст што на својот грб го носи човештвото.

По посетата на кампот, папата Франциск отпатува за градот Раковски, што се наоѓа во близина на Пловдив, каде ќе одржи миса во католичката црква Пресвето срце, по што ќе се сретне со претставници на локалната католичка заедница.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија