Папандреу: Лидерите на ЕУ да испратат силна порака за Северна Македонија и Албанија

Од:

Почеток на пристапни разговори со Северна Македонија и Албанија ќе биде признание дека Западен Балкан припаѓа на европското семејство, историјата и заедничката иднина, напиша поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од Движење на промена, Јоргос Папандреу на неговиот официјален Твитер профил и додаде дека лидерите на ЕУ треба да испратат силна порака.

– Во време кога нашите демократски темели, развиени по Втората светска војна и нашите европски вредности се доведуваат во прашање, лидерите на ЕУ треба да испратат силна порака дека ги почитуваат нашите заложби за Западен Балкан. Почеток на пристапни разговори со Северна Македонија и Албанија ќе биде признание дека Западен Балкан припаѓа на нашето европско семејство, историјата и заедничката иднина, напиша Папандреу на Твитер.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски